Македонија
24. јуни 2019 - 8:58

Пендаровски во официјална посета на Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.

Како што информираат од неговиот Кабинет, тој ќе оствари одвоени средби со  германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

За време на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин.