-->
-->
Пендаровски-Стафа: Правосудниот систем треба да е целосно заштитен од политички влијанија
-->
Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Државното правобранителство на Република Македонија. На средбата државниот правобранител Фехми Стафа го информирал претседателот Пендаровски за тековните активности на правобранителството, како и за предизвиците со коишто се соочува овој орган во вршењето на своите надлежности.
-На средбата со државните правобранители беше нагласена важноста правосудниот систем во Македонија да има соодветна, темелна и навремена реакција, целосно заштитена од политички влијанија. Главен предуслов за напредокот на секоја држава е токму владеењето на правото, односно, неселективното и независно судство што професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите, нагласил претседателот.
Тој потенцирал дека ова треба да биде наш императив со кој не смее да се прави компромис, не само за да ги задoволиме формалните критериуми за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во државата и нејзините институции.
-Во овој период кога се подготвуваме за преговори за членство во Европската Унија, сета енергија, експертиза и внимание треба да ги насочиме кон реформите во сферата на владеењето на правото, рече претседателот Пендаровски, подвлекувајќи дека во тие процеси Државното правобранителство има исклучително важна улога која треба да се извршува во интерес на државата и на нејзините граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
