Пендаровски: „Северна Македонија нема План Б“

Преспанскиот договор бараше огромна храброст и визија, верувам дека тоа го имаат сфатено и во Германија. Затоа Северна Македонија нема план Б. Нашиот план Б е почеток на преговорите до крајот на годината, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за интернет изданието на германски „Шпигел“.
Германскиот весник интервјуто со Пендарвоски, објавено непосредно пред почетокот на неговата дводневна посета на Германија, го почнува со Договорот од Преспа, за кој вели дека е без преседан во поновата историја на Балканот.
Весникот оценува дека „ниту една земја не го сфати така сериозно како Македонија“ тоа дека „најважниот принцип на политиката на Брисел кон Западен Балкан“ е „мирното решавање на конфликти и регионална соработка“, за што сведочи и „додадената географска одредниа Северна во името на земјата“.
Пендаровски, зборувајќи за одложеното гласање во Бундестагот, во интервјуто настапува нагласено оптимистички во поглед на добивање термин за почеток на преговорите за влез во ЕУ.
– Веруваме дека не постојат подлабоки забелешки против почеток на пристапните преговори, туку само технички одложувања. Германија е наш најважен партнер, таа беше еден од актерите на Преспанскиот договор и во Берлин многу добро ја познаваат политичката ситуација во нашата земја, вели Пендаровски за „Шпигел“.
Весникот во интервјуто се осврнува и на ставањето во пакет на Албанија и Северна Македонија и добивањето заеднички термин за почеток на пристапни преговори, каде оценува дека сепак проблемите на нашата земја со владеењето на правото и со корупцијата се помали во однос, на хаотичната политичка ситуација во Албанија.
– Сегашната влада може и мора да биде подоследна во борбата против корупцијата и да ја води на поконзистентен европски начин, тука се уште постои слободен простор, вели Пендаровски во интервјуто за „Шпигел“.
Ново на Сител
-

Во тек најобемниот мониторинг на водите во сливот на Вардар, ќе се анализираат 170 локации
-

Азир Алиу му ја предаде функцијата на новиот министер за здравство Сашо Клековски
-

ЛШ: Вардар денеска пред тешка задача на реваншот во Финска
-

Од денеска само полнолетни смеат да возат електрични тротинети, забрането превезување и второ лице
-

Кривична против три физички и едно правно лице за затајување данок, го оштетиле Буџетот на РМ за 4.677.362 денари
-

36 годишен Црногорец „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија, полицијата го уапси
-

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст
-

Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор
