Пендаровски: Северна Македонија ги исполни сите предуслови за почеток на преговорите

Северна Македонија ги исполни буквално сите предуслови за почеток на преговорите. Стабилноста на целиот регион е поврзана директно со евроинтегративните процеси, а Западен Балкан е дел од Европа исто толку важен за проектот на обединета Европа, како и за земјите основачи, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција во Република Австрија каде престојува во официјална посета.
Тој посочидека граѓаните на Северна Македонија оваа недела го очекуваат датумот за почеток на преговорите за полноправно членство, и како што рече, за земјава не постои друга подобра алтернатива.
-Мандатот како претседател го добив од граѓаните во мојата земја со недвосмислена политичка подршка за членство во Европската Унија и во НАТО и потенцирам дека и надвор и дома моето политичко дејствување има само една цел, а тоа е членството во Европската Унија и во НАТО и заокружување на реформите за да ја обезбедиме иднината на државата и благосостојбата на сите нејзини граѓани, истакна Пендаровски.
Прашан што мисли за ставот на Франција во врска со проширувањето на ЕУ, тој рече дека смета оти Франција нè блокира, и дека не станува збор за француско вето за почеток на пристапните преговори.
-Франција со право бара подобрување на методологијата во преговорите со која што придобивките и напредокот при преговарањето, по сите различни поглавја, 35 како што се предвидени, да биде неповратен. Значи, кога ќе се оствари напредок да има јасни критериуми дека тоа е напредок, и дека нема да има назадување неколку години откога ќе ги поминете преговорите и откако ќе станете членка на Европската Унија, рече Пендаровски.
Според него, станува збор за корисно размислување за тоа како пристапните преговори да бидат попродуктивни и да не биде само формално штиклирање, формално завршување на преговарачките поглавја, туку да има супстанцијален квалитативен напредок во сите битни области за функционирањето на една демократија.
-Ние како Северна Македонија немаме ниту една причина да се плашиме од евентуално подобрување на критериумите за преговарање, бидејќи сме сигурни, не само во изминатиот период, туку и во наредниот, дека имаме спремни тимови за преговарање. Верувајте прилично добро сме подготвени за преговорите, така што и да има измена во методологијата, ние нема да имаме проблем тоа да го следиме, напротив, со сите ресурси кои ги имаме на располагање, човечки и технички, ќе влеземе во таквите преговори и верувам дека релативно брзо ќе ги поминуваме преговарачките поглавја, додаде претседателот.
Пендаровски објасни дека го поддржува пристапот да се заострат критериумите при преговарањето, за преговарачките успеси да не бидат формални туку суштински.
Во рамки на посетата во Република Австрија, претседателот Пендаровски оствари средба со австрискиот колега Александер Ван дер Белен.
На средбата беше потенцирано дека Австрија ја поддржува евроинтеграцијата на нашата земја и опстојува на позицијата дека почетокот на преговорите за членство во Европската Унија не треба, дополнително, да биде оддолжуван.
Ново на Сител
-

Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа
-

По невремето во Скопје во Ургентниот центар примени 11 пациенти
-

Мамдани: Нетанјаху е воен злосторник и треба да биде уапсен
-

МВР: Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
-

„Опен-АИ“: ВИ самостојно хакирала друга компанија
-

Царинска управа: Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје
-

ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
-

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
