Македонија
17. December 2019 - 18:51

Пендаровски се сретна со раководството на Стоматолошката комора

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со раководството на Стоматолошката Комора на Македонија.

Претставниците на Комората го информирале претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, како и за идните планови. Во таа насока од Стоматолошката Комора истакнале дека следната година се одбележуваат 25 години од основачкото собрание на Комората, јубилеј којшто за нив е од особена важност, соопшти Кабинетот на Претседателот.

 Истовремено, претставниците на Комората посочија дека нивните заложби се во насока на се подобри образовни програми, со цел сегашните и идни стоматолози да гарантираат за оралното здравје на граѓаните.