Пендаровски се сретна со Карл-Хајнц Ламберц
Реафирмирање на очекувањето дека Европскиот совет во октомври ќе одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија изрази денеска претседателот Стево Пендаровски на средбата со претседател на Европскиот комитет на регионите, Карл-Хајнц Ламберц.
Пендаровски напомена дека тоа ќе биде поттик за натамошно интензивирање на реформскиот процес, а во функција на севкупниот напредок на државата.
Претседателот изрази задоволство за посетата, која е поддршка на аспирациите на државата за членство во Европската унија.
Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на процесот на децентрализација и на соработката на локално ниво меѓу градовите и регионите, како важен предуслов за адресирање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, меѓу кои климатските промени, енергетската ефикасност, животната средина и безбедноста.
Претседателот Пендаровски оцени дека посетата на претседателот на Европскиот комитет на регионите на Северна Македонија претставува можност за натамошна соработка и пренесување на искуства, а во функција на подготовка на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за идното членство на државата во ЕУ.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари