Македонија
4. February 2023 - 11:32

Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод 151-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

- Во чест на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и национален херој, денеска положив свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев, во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје, напиша на својата Фејсбук страна претседателот Пендаровски.

Покрај претседателот, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на политичките партии.