Пендаровски: Никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола

Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот. Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање, вели претседателот на државата Стево Пендаровски по повод важноста на граѓански документи по 12 февруари 2024 година.
Како што кажав и пред неколку седмици, порачува Пендаровски, доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок.
- Никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола и возачка книшка без вина на граѓаните и кои не се истечени во поглед на нивниот рок на важност сметано од издавањето, особено не за учество во сообраќајот во рамките на територијата на нашата држава. Ги повикувам надлежните институции навремено и точно да ги информираат граѓаните за сите чекори кои се преземаат да се надмине оваа неприфатлива ситуација, нагласува Пендаровски.
Истовремено, како претседател на државата, стои во ставот од Пендаровски, сакам да ја повторам нашата посветеност кон имплементација на сите меѓународно правни обврски што ги имаме преземено, а произлегуваат од т.н. „Преспански договор”.
Ново на Сител
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
