Пендаровски на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден.
Самитот се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк.
Пендаровски синоќа во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли.
Шефот на државата на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД.
– Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Македонија и за случувањата во поширокиот регион.
Му се заблагодарив за континуираната и безрезервна поддршка којашто САД и ја дават на Република Македонија, наведува Пендаровски во објавата на ФБ.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот