Пендаровски на Самитот на НАТО: Трети страни сакаат да го наметнат своето влијание со хибридни закани и политички притисоци

Во рамки НАТО Самитот во Мадрид, претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на третата работна сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет.
![]()
Сесијата на ниво на шефови на држави и влади, со која претседаваше генералниот секретар на НАТО, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, беше посветена на заканите и предизвиците кои произлегуваат од јужното соседство на НАТО Алијансата.
Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека како што е наведено во Стратегискиот концепт на НАТО се соочуваме со глобални и меѓусебно условени закани. Тероризмот, потенцираше претседателот, во сите негови форми и појави е најдиректната асиметрична закана за безбедноста на нашите народи, а особено го користат трети страни кои сакаат да го прошират нивното присуство и да го наметнат своето влијание преку хибридни закани и политички притисоци.
![]()
Во таа насока, претседателот Пендаровски истакна дека е потребно НАТО да продолжи со практичната поддршка и зајакнување на капацитетите на земјите-партнери, како и продлабочување на дијалогот со земјите-партнери на Алијансата, со меѓународните организации, ООН, ЕУ, и со другите релевантни регионални форуми и невладини организации.
Во дискусијата на состанокот, претседателот Пендаровски посочи дека ни е потребен широк консензус, со цел да развиваме функционална и предвидлива мултилатерална соработка, преку која ќе се овозможи мир и безбедност во 21 век.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
