Пендаровски: Мандатот најверојатно ќе го предадам во среда
Првичните контакти меѓу мојот кабинет и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски се направени вчеравечер, информираше претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на армискиот брифинг за воената готовност за тековната 2021 година. Како што посочи Пендаровски, најавено му било дека на почетокот на идната недела, а најдоцна до вторник, тој ќе го добие писменото барање во кое ќе биде наведено името на новиот мандатар.
„Така што, најверојатно среда ќе биде денот кога ќе се случи формалното предавање на мандатот од моја страна”, истакна Пендаровски.
По добивањето на мандатот, новиот мандатар во рок од 20 дена ќе треба до Собранието да поднесе програма и да го предложи составот на владата, а новата влада се избера со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.
За мандатар се очекува да биде предложен новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој откако би го добил мандатот, би требало во првата половина на следниот месец да ги достави програмата и составот на новиот владин кабинет до Собранието.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен