Пендаровски: Јанева ја прокоцка шансата и поддршката која и беше дадена
Претседателот Стево Пендаровски смета дека од случајот „Рекет“ во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да се извлечат поуки и со процесот да направи обид да се извлече сега „полумртвата правна држава“.
Тој не може да разбере како личност на која и била дадена најодговорната функција во историјата на земјата, каква што немал ниту еден, но и најголема и наширока граѓанска и народна поддршка, како што рече, ја прокоцкала во дружење со „пробисвети и претпоставени криминалци“.
-Не станува збор дека финансискиот надоместок бил тенок или слаб, напротив во СЈО имаа третман на бубрези во лој, не само по повод додатоците, туку основните плати што ги имале. Затоа големо прашање ќе биде овој случај о ќе треба да се бавиме со такви анализи или генерациите кои доаѓаат по нас ако не извлечеме поука од ова и брзо не се вратиме на колосек и не ја извлечеме сега полумртвата правна држава. Заради овој удар зададен со СЈО, ако не го направиме тоа некоја подоцнежна анализа ќе покаже дека правната држава во Македонија можеби ја изгубила својата шанса по 2016 година по тоа големо граѓанско нарадно будење и давање таков ветер во грб на таа институција и се покажа неуспешна, рече Пендаровски во интервју за Телевизија 24 вести.
Имаше, рече тој, и поголеми риби кои крадеа многу повеќе и десетпати поголеми криминалци, но, како што потенцира, тоа не значи дека заради тоа сега осомничените во овој случај треба да останат неказнети.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп