Пендаровски го потпиша Законот за ратификација на Договорот за заеднички контроли на преминот Табановце – Прешево
– Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево.
Со Договорот, потпишан на 12 јули 2019 година во Белград, се предвидува воспоставување заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево.
-Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, и ќе придонесе за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, а ќе се поедностави и регулацијата на сообраќајот на државната граница, соопштуваат од неговиот Кабинет.
Според шефот на државата, постигнатиот Договор треба да претставува поттик во насока на овозможување заеднички контроли и на граничните премини со другите соседни држави
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?

