Пендаровски: Да продолжиме заедно напред, за младите да имаат исти услови како и нивните врсници во Европа
Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, денеска беше помеѓу граѓаните на општина Врапчиште и Центар Жупа.
Обраќајќи се до жителите на општина Врапчиште, Пендаровски истакна дека концептот што тој го застапува е концепт што води кон развој, кон ЕУ и НАТО и затоа на изборите потребна е масовна поддршка за да продолжат позитивните промени.
– Насоката по која се движиме, патот по кој тргнавме е пат на стабилност, на економски развој и интеграција. Со напредокот во евроинтеграциите и економијата тргна во нагорна линија, државата стана посакувано место за инвестирање. За да го продолжиме тој пат, на 21 април и на 5 мај да дадеме поддршка на концептот што нѐ води заедно напред, порача Пендаровски.
На средбите со жителите на Центар Жупа, Пендаровски порача дека тој крај од државата е препознатлив како крај од кој луѓето масовно се иселуваат и токму затоа и на Центар Жупа и на државата потребна им е европска иднина за да престане иселувањето на младите.
– Членството во НАТО и ЕУ се гарант дека државата ќе се развива и ќе обезбеди сигурна иднина за младите да останат тука. Да им овозможиме услови за работа и просперитет тука и слободно да патуваат и да живеат како нивните врсници во Европа. Да го видат светот и светот да ги види нив. Затоа, повикувам сите граѓани од сите етнички заедници да дадат поддршка на овој концепт и да продолжиме заедно напред, повика Пендаровски.
СДСМ, Центар за комуникации со јавност
Ново на Сител
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
-

Опожарена шума, нерешени имотни односи и обвинувања за привилегии
-

Дефинитивно нема договор за една изборна единица, се кршат копјата за гласење на дијаспората

