Македонија
19. July 2015 - 16:50

Пеколно топло време - Македонија во жолта фаза

Пеколните горештини ги вжештија телефоните во Брза Помош. Хронично болни, пациенти со висок крвен притисок, постари лица – денеска сите бараат помош од дежурните во службата. Бројот на повици е двојно зголемен во спроредба со вчерашниот ден.  По извршените посети лекарите констатирале дека голем број од граѓаните не ги почитуваат основните препораки за заштита од топлото време.

-Имаме со висок крвен притисок, неколку скршеници во домашни услови и по утврдената состојба тие не се придржувале на препораките и некои не ја земале редовно пропишаната терапија. Треба да ги почитуваат, а тоа значи повеќе течности, лесна храна и без потреба да не се излегува во периодот од 11 до 17 часот, вели Георги Карамановски од Брза Помош

Лекарите со предупредување до граѓаните  од климатизирани простории да излегуваат внимателно и постепено и без големи температурни разлики. Ова особено се однесува за периодот кој следува кога според синоптичарите не очекуваат температури до 41-виот стене и висок УВ индекс.

- Утре ќе биде многу топло со високи температури кои негде се очекува да достигнат до 41виот степен. Топло ќе биде до вторник а потоа не очекува мал пад од 2 степени но повторно ќе биде топло, вели Лена Јовановска од УХМР

Македонија  утре ќе биде во жолта алертна фаза. Целиот Балкан е зафатен со топлотен бран. Во Хрватска, Босна и Црна Гора е вклучено црвеното светло и тоа за температури исти како во нашата земја. Кај нас само препораки и подготвеност на граѓаните.

- Ние сме по најуг и овие температури се согласно она што го имаме направено а врз основа на 30 годишно искуство, вели Јовановска

За утре и Црвениот Крст со најава за зголемен број на мобилни тимови кои ќе им делат вода на граѓаните како и транспорт на бездомници доколку имаат здравствени проблеми од горештините.