-->
-->
Педро донесе уште еден Супер куп на УЕФА на Барселона
-->
Барселона и Севиља во Тбилиси го одигра најефикасниот Супер куп на УЕФА во историјата откако во регуларните 90 минути постигнаа осум погодоци, а Севиља направи чудо во второто полувреме и успеа од 4:1 за Барселона да стигне до 4:4. Во продложението решавачкиот гол го постигна Педро, кој по вторпат на идентичен начин и носи трофеј на својата екипа.
Банега го отвори резултатот уште во третата минута од слободен удар, а потоа на ист начин и тоа двапати (7 и 16 минута) се реваншираше Лионел Меси, постигнувајќи два прекрасни гола од слободен удар.
Рафиња во 44.минута зголеми на 3:1, а Луис Суарез на почетокот од вториот дел (52) донесе и водство од 4:1 за каталонскиот тим, Рејес во 57.минута намали на 4:2, Гамеиро од пенал (72) најави дека Севиља може до нерешено, а новото засилување Конопљанка во 82.минута постигна погодок за 4:4 со што мечот отиде во продолженија.
Сепак, во 115.минута, по слободниот удар на Лионел Меси, којшто го одбрани Бето, на одбиената топка налета Педро и ја смести во мрежата за конечни 5:4.
Ова е петти трофеј за Барселона во Супер купот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!