Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули оваа година, а останатите 50 проценти од 1 јануари следната година. Тоа ќе даде можност производителите да го зголемат своето прозиводство, да имаме поголем извоз и поголем приход за компаниите, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што предвидуваат новите измени на Законот за царини.
Тоа е уште еден акутен проблем што го имаше бизнисот, нагласи Мицкоски и додаде дека сето тоа се прави заедно со стопанските комори и со Сојузот на странски инвеститори во државата.
- Уште едно тешко наследство од минатото, тие се дел од тие парафискални давачки што го отежнуваа работењето и на странски и на домашни производители, бидејќи царината на суровините беше неусогласена со Европскиот царински тарифник и ние тоа го правиме преку ова законско решение, изјави премиерот Мицкоски денеска по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје.
Мицкоски напомена дека исто така со овие измени го усогласуваат и царинскиот тарифник за т.н. акумулатори на електрична енергија или резервоари за складирање електрична енергија што се прозведува, од сегашните 15 проценти на 2,5 или 2,7 проценти, со што, како што рече, ќе се олесни драматично инсталирањето на вакви уреди.
Ново на Сител
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор
-
Стејт департментот го осуди влошувањето на човековите права во Европа
-
Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран
-
Забрана за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод - Скопје поради пожарот во Јасен
-
Продолжува топлото време – температури до 39 степени
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово