Павлопулос повторно за грчкиот карактер на Македонија

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос очигледно има прецизно зацртана агенда во однос на прашањето за името на Македонија, со која потсетува на бескомпроминиот став на Грција и одлучно ја спроведува на секој свој јавен настап.
По третпат за неколку дена, Павлопулос денеска повторно зборуваше за „грчкиот карактер“ на Македонија, овој пат од Солун, каде присуствуваше на свечена литургија во црквата „Свети Димитрија“ по повод истоимениот празник и одблежеување годишнина од ослободувањето на градот.
- Денот на прославата на светиот спомен на заштитникот на Солун, Свети Димитрија, е годишнина на славниот пат на Солун, од една страна, за историјата на нацијата и православието, и второ, за неговата улога како буден чувар за грчкиот карактер на нашата Македонија кој е неоспорлив и за кој не се преговара, изјави тој.
Павлопулос и минатата година за патрониот празник на Солун, даде иста изјава во која зборуваше за “грчкиот карактер на Македонија“.
Пред осум дена во Воден грчкиот претседател рече дека „Македонија била, е и ќе остане грчка“, а неколку дена подоцна, исто така во Солун рече дека „Македонија е една и е грчка“ и оти „ќе направи се за да го одбрани грчкиот карактер на Македонија“.
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
