„Павел Шатев“: Граѓаните не сакаат одложување на изборите закажани за април
Мнозинството од граѓаните или 73,7 проценти сметаат дека не треба да се одложат предвремените избори закажани за април 2016 година, покажуваат резултатите од телефонското истражување што го спровел Институтот „Павел Шатев“.
Дека треба да се одложат изборите се изјасниле само 15 проценти од испитаниците, а 11,3 проценти немале став.
Во истражувањето испитаниците одговарале и на прашањето дали СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ е повеќе посветена на исполнување на договорот од Пржино и одржување на изборите во април при што мнозинството граѓани или 55,7 сметаат дека тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ, а 24 проценти се изјасниле за СДСМ.
Мнозинство од граѓаните или 58,3 проценти сметаат дека на ВМРО-ДПМНЕ повеќе може да му се верува дека ќе ги исполни предизборните ветувања, а 21 процент доверба имаат во СДСМ.
На прашањето „доколку треба да изберете меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која партија сметате дека повеќе или донекаде знае како да ја води економијата и да креира работни места“ 64,1 процент ја избрале ВМРО-ДПМНЕ, а 19,9 проценти СДСМ, додека 16 проценти немале одговор.
Во истражувањето испитаниците дале одговор и на прашањето дали опозицијата има „свои“ медиуми чија уредувачка политика е понаклонета на опозицијата и има доволен простор за својот став при што 64 проценти сметаат дека има такви медиуми, 22 дека опозицијата нема „свои“ медиуми, а 14 проценти немале одговор.
Телефонското истражување Институтот „Павел Шатев“ го спровел од 10 до 13 јануари на 1.025 испитаници.
Ново на Сител
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел