-->
-->
Пауновски: Одбраната на интегритетот на институцијата не наидоа на разбирање од Премиерот
-->
Сега веќе поранешниот директор на државниот пазарен инспекторат, кој денеска со одлука на владата беше разрешен од функцијата, преку објава на фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои, како што напиша, во неговиот “пркос” согледале искрени намери и желби за силна, стручна и независна Европска институција.
„Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.
Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот.
При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен.
Горд сум на се што направивме заедно!
Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша Пауновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар