Патот од Сопиште до Центар преку Водно во употреба до крајот на јуни
- Регионалниот пат од Сопиште преку Водно до центар е комплетно завршен и се очекува да биде пуштен во употреба на крајот од првата половина на годинава, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на прашање од пратеникот Далибор Богдановски од СДСМ.
Во врска со рехабилитацијата на патните правци министерот рече дека во 2017 година таа е извршена на делниците Припор до Сопиште и Сопиште до Говрлево.
На делницата од Сопиште до Долно Соње не е извршена рехабилитација поради изградбата на водоводната мрежа, рече Сугарески и појасни дека по нејзиното завршување ЈП за државни патишта ќе предвиди средства за тој регионален пат.
- Во однос на изградбата на Сончев град проектот за изградбата на населбата е во надлежност на општината Сопиште, додаде министерот Сугарески.
Ново на Сител
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
