Патник во седиште од авион пронашол нешто што никој не смеел да го види

Патникот инаку новинар на „Си-Ен-Ен“, открил дека документите содржеле поверливи антитерористички информации во врска со американската фудбалска лига Супербол.
Станува збор за документи на американското министерство за внатрешна безбедност, кои биле заборавени во џебот заедно со пасош и маршрутата на научник кој во неделата бил задолжен за спроведување на протоколот во врска со биотероризмот, односно злоупотребата на антракс на Суперболот во Минеаполис.
Станува збор за вообичаено упатство кое се добива пред некој голем настан, поврзано со серија вежби со цел предупредување на терористички напад.
„Си-Ен-Ен“ наведува дека не сакал јавно да го открива документот до крајот на Суперболот, бидејќи министерството изразило загриженост дека објавувањето на таквите вести би можело да ја загрози безбедноста на 73.000 посетители на овој настан.
Новинската куќа исто така одлучила и да не објави голем број на информации пронајдени во документите, бидејќи на тој начин би можела да ја загрози националната безбедност.
И покрај тоа што „Си-Ен-Ен“ не дозна кој го оставил документот и не соопшти за која авиокомпанија станува збор, името на лицето на пасошот било Мајкл В. Волтер.
Станува збор за менаџер во програмата „BioWatch”, за која е надлежно министерството за внатрешна безбедност.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
