Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања, товарниот со мали застои
Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен, соопштија од Министерството за транспорт.
Посебен акцент, се посочува, е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.
- Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот, соопштија од Министерството.
„Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“, се додава, остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори