Пасош за успех: Како Flex Group ги слави своите хероини

Додека светот дебатира за родовата еднаквост преку статистиките, во Flex Group таа се слави преку автентични искуства. Веќе четврта година по ред, компанијата ја продолжува својата најубава традиција – наградно патување за 10 жени, избрани по случаен избор од сите филијали низ Македонија.
Ова не е само обичен осмомартовски подарок. Ова е порака дека секоја алка во ланецот е важна. Без разлика на позицијата или градот од кој доаѓаат, овие десет дами годинава ќе испишат нови спомени на некоја од Атина, докажувајќи дека во Flex Group, трудот се гледа, а лојалноста се наградува.
„Сакавме да создадеме нешто повеќе од корпоративна култура. Сакавме да создадеме заедница каде секоја жена ќе се чувствува мотивирана и каде авантурата е секогаш зад аголот,“ велат од менаџментот на компанијата. Идејата е едноставна, но моќна: секоја жена во Flex Group заслужува момент за себе-одмор, инспирација и чувство дека е ценета. Без формалности, без „најдобра/најгласна/највидлива,“ туку со еднаква шанса за сите.
Оваа традиција е дел од културата што Flex Group ја гради секојдневно: култура на грижа, внимание и човечки пристап. Затоа што зад секој резултат стои жена со свој ритам, свој живот и своја сила. А ако нешто најдобро го опишува Flex Group, тоа е токму ова: компанија што знае дека успехот не се слави само со бројки, туку и со луѓе.
Додека куферите се распакуваат, а возбудата од патувањето сеуште трае, останува прашањето: Дали си подготвена следната приказна да биде твоја?
Комерцијален Текст
Ново на Сител
-

Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
-

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане
-

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната
-

Порота пресуди дека Маск ги довел во заблуда акционерите на Твитер
-

Санкциониран штипјанец кој возел со брзина од 105 км на час во населено место
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
