Партијата на Меркел со два отсто предност пред социјалдемократите
Блокот германски сестрински централно десничарски партии ЦДУ/ЦСУ водат во анкетите пред нивните владини коалициони партии од Социјал Демократската партија (СПД) покажува последната анкета на институтот за истражување на јавното мислење „Форшунггрупе вален“ која е спроведена на барање на националниот јавен сервис ЦДФ, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според анкетата, спроведена од 7 до 9 март во која учествувале 1212 испитаници, 34 отсто од граѓаните ги поддржуваат политиките на ЦДУ/ЦСУ, додека 2 проценти помалку, односно 32 проценти од гласачите својот глас на идните изброи ќе го дадат на СПД. Трета најпопуларна партија во земјата е крајно десничарската антиисламска и антимигрантска партија „Алтернатива за Германија“.
Неколку други претходни истражувања на јавното мислење покажаа предност на СПД пред конзервативниот блок предводен од канцеларката Меркел или изедначен рејтиннг меѓу двете најголеми политички партиии.
Германските сојузни парламентарни избори се закажани за 24 септември.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана