Парламентот на Црна Гора ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ
Собранието на Црна Гора денеска ќе гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ.
Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба.
За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. Седницата е закажана за 11 часот.
На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници.
Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември.
Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР