Парламентарната соработка меѓу Македонија и Украина ќе се продлабочува

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери денеска оствари средба со делегацијата на Пратеничката група за меѓупарламентарни односи од Врховната Рада на Украина, која престојува во посета на Македонија.
На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, е оценето дека односите меѓу двете држави се карактеризираат со пријателство, доверба, отсуство на отворени или спорни прашања и соработка во голем број области од заемен интерес.
Во однос на парламентарната соработка е истакнато дека пратениците од двете држави соработуваат и меѓусебно се поддржуваат во меѓународните собранија во кои членуваат парламентите на двете земји, а особено во рамки на парламентарните собранија и мисиите на ОБСЕ и на Советот на Европа.
Двете страни се согласиле дека соработката меѓу Македонија и Украина на парламентарно ниво ќе продолжи да се продлабочува, како на билатерален, така и на мултилатерален план.
Двете страни се согласиле дека Република Македонија и Украина ја споделуваат цврстата одлучност да станат дел од ЕУ и НАТО. Претседателот на македонскиот Парламент изразил благодарност што Украина ја поддржува Македонија на патот кон демократскиот развој и аспирациите кон евроатлантските структури.
На средбата е посочено дека Македонија е особено заинтересирана за унапредување на економската и трговската соработка и привлекувањето на украински инвестиции.
Оценето е дека работната посета претставува можност за продлабочување на соработката на парламентарно ниво, што ќе придонесе во зајакнување на односите, како на економски и образовен, така и на културен план.
Во составот на украинската делегација се пратениците Андриј Шинкович, Михајло Кобцев и Роман Мацола.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
