Македонија
10. April 2018 - 10:20

Параглајдерист починал по слетувањето во Гевгелиско

М.Ќ.(47) од с.Мрзенци-гевгелиско, кој бил член на Клуб за екстремни спортови, вчера бил пронајден починат над с.Сермин-гевгелиско, во близина на манастирот „Свети Илија“.
 
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера, попладне во 15:00 часот.
 
- Имено на М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време тој починал. Од страна на лекар од  Итната медицинска помош била констатирана смрт, наведуваат од МВР.
 
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција