Парадно концертирање на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар в сабота, со почеток во 11:30 часот, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.
Оркестарот ќе тргне од Музејот на Град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до плоштадот „Македонија“. Во рамки на дефилето ќе бидат отсвирени композиции таканаречени чекорници, како и делови од најпознатите светски маршови соодветни за вакви парадни концерти.
На оваа саботна музичка променада ќе биде изведена следната програма - Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Дикси парада, Вашингтон пост марш, Трета македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, Работнички и За сите деца.
Концертот е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
