Папата следната недела во посета на мигрантите на Лезбос
Папата Франциско ќе го посети грчкиот остров Лезбос на 16 април, соопшти денеска Ватикан, додавајќи дека целта на посетата е да ги поддржи бегалците и да го привлече вниманието кон миграциската криза во Европа.
Стотици илјади бегалци, повеќето лица кои се спасиле од војната во Сирија, се упатија кон егејскиот остров Лезбос минатата година, но согласно постигнатата спогодба меѓу Брисел и Анкара, од оваа недела Европската унија започна да ги враќа новодојдените мигранти Турција.
Папата повеќепати изрази поддршка за бегалците, повикувајќи ги католиците во Европа да им дадат засолниште на семејствата на имигрантите.
Неговото прво патување, откако стана папа во 2013 година, беше на италијанскиот остров Лампедуза, каде како и на Лезбос имаше илјадници имигранти.
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром