Папата се извини за злосторствата на Католичката црква врз Индијанците

Папата Франциско за време на посетата на Боливија се извини за гревовите и злосторствата извршени од страна на Католичката црква врз домородното население за време на освојувањето на американскиот континент во ерата на колонијализмот.
Првиот латиноамерикански папа во историјата „смирено“ замоли за прошка за време на средбата со претставници на домородното население и други активисти, во присуство на првиот боливиски претседател од индијанско потекло Ево Моралес.
Папата Франциско нагласи дека лидерите на латиноамериканската црква во минатото признавале тешки гревови, извршени врз локалното населние во Америка во името на Бог.
Јован Павле Втори за време на посетата во 1992 година на Доминиканската Република се извини на домородното население на Америка за болката и страдањата извршени за време на 500-годишното црковно присуство на континентот.
- Смирено молам за прошка не само за злосторствата на самата црква, туку и за злосторствата извршени против локалното население за време на освојувањето на Америка, изјави Папата Франциско, што беше поздравено со силен аплауз и радосни извици меѓу насобраните луѓе.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
