Папата пристигна во Бугарија

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пристигна во апостолската посета на Бугарија, како прва етапа од мини балканската визита во која е опфатена и Република Северна Македонија. На аеродромот тој беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов и од претставници на верските заедници.
На аеродромот имаше средба на папата со премиерот Борисов. По завршувањето на средбата понтифот се упати кон претседателската палата во Софија пред која ќе се одржи церемонијата на пречек, по што тој ќе има протоколарна средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
По разговарите на двајцата шефови на држави, папата Франциск ќе има средба со претставници на бугарските власти, на граѓанскиот сектор и на дипломатскиот кор
Папата утре, на вториот ден од престојот во Бугарија, ќе го посети бегалскиот камп „Враждебна“ во Софија, по што ќе одржи миса во Католичката црква „Пресвето срце“ во градот Раковски, во близината на Пловдив, а во попладневните часови ќе го заврши официјалниот дел од посетата со молитва за мир на плоштадот „Независност“. Во вторник папата од Софија ќе допатува во Скопје.
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
