Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет

Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“.
„Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот“, рече папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во Ватикан.
„Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир во целиот свет“, додаде американскиот папа.
„Она што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“, забележа тој.
Лав XIV вечерва ќе ја прослави својата прва божиќна миса откако беше избран за папа, а утре напладне ќе го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“, во кој понтифот традиционално дава преглед на светските конфликти.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
