Папата Лав ги повика САД и Иран да се вратат на преговарачка маса

Папата Lав XIV ги повика САД и Иран да се вратат на преговарачката маса. Поглаварот на Римокатоличката црква за време на повратниот лет од турнејата во Африка, повика на создавање нова „култура на мирот“, што ќе овозможи решавање на конфликтите без употреба на воена сила.
„Еден ден Иран вели ‘да’, САД велат ‘не’ и обратно. Не знаеме до каде ќе стигне тоа...Би сакал да ги охрабрам сите да најдат решенија што произлегуваат од култура на мир, а не од омраза и поделби “, рече папата.
Во разговор со новинарите во авионот, папата ги осуди убиствата на демонстранти во Иран, како и егзекуциите што се спроведуваат таму.
Инаку, папата Лав како прв папа од САД минатата недела беше остро критикуван од американскиот претседател Доналд Трамп, со обвинувања дека се огласил доволно решително против постапките на Иран.
Папата нагласи дека нема интерес за конфронтација со американскиот претседател, но јасно стави до знаење дека не сака да биде заплашуван од Белата куќа.
Лав XIV уште рече дека кај себе носи фотографија од момче од Либан убиено при израелски напад врз проиранското движење Хезболах. Момчето го поздравило папата при неговата посета на Либан минатата година.
МИА
Ново на Сител
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
