Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
Папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика властите во Иран и Израел да постапуваат разумно и одговорно во контекст на тековните воздушни напади меѓу двете држави.
Говорејќи од базиликата „Свети Петар“, поглаварот на Римокатоличката црква рече дека со голема загриженост ја следи ситуацијата и апелираше за итен дијалог.
– Во ваков чувствителен момент, сакам повторно да повикам на одговорност и разум. Посветеноста на свет без нуклеарни закани треба да се остварува преку искрен дијалог и почит, истакна папата.
Тој додаде дека за траен мир, заснован на правда, братство и заедничко добро, никој не смее да биде загрозен од постоењето на другиот.
– Државите имаат обврска да ја поддржат каузата на мирот, да се насочат кон помирување и да бараат решенија што ќе гарантираат безбедност за сите, порача папата Лав Четиринаесетти.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид