Папата Лав Четиринаесетти ја критикуваше американската имиграциска политика

Папата Лав Четиринаесетти упати остри критики против политиката на американската влада кон имигрантите.
– Некој што вели дека е против абортус, а поддржува нечовечно постапување со имигрантите во САД – не знам дали таа позиција може да се смета за поддршка на животот, изјави папата пред новинарите.
Светиот отец одговори на прашање на американски новинар во врска со политиките на Вашингтон. Белата куќа порача дека Трамп бил реизбран за претседател поради многубројните негови ветувања, меѓу кои и депортација на нелегалните имигранти и странските криминалци.
Папата Лав, кој беше избран во мај за наследник на починатиот папа Франциск, досега демонстрира посмирен стил од својот претходник, кој често јавно ја критикуваше администрацијата на Трамп.
Папата беше прашан и за наградата што црквата во Чикаго ја додели на демократски сенатор кој го поддржува правото на абортус – одлука што предизвика остри реакции кај конзервативните католички кругови. – Важно е да се погледне на целокупната работа на сенаторот, рече папата, додавајќи уште еднаш дека „некој што е против абортус, но ја поддржува смртната казна, всушност не може да се смета за вистински бранител на животот“.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
