Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој денеска говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на преговори за праведен и траен мир“, за првпат во приватна аудиенција го прими нејзиниот претседател Володимир Зеленски, во придружба на сопругата Олена.
– Ви благодарам за трпението поради чекањето. Морав да ги поздравам сите делегации кои присуствуваа на инаугуративната миса, им рече папата дочекувајќи ги, се гледа на видео снимката што ја објави Ватикан.
На крајот на мисата со која беше одбележан почетокот на неговиот понтификат, на која присуствуваа и шефови на држави, вклучувајќи го и Зеленски, Лав XIV јавно ги изговори зборовите дека „Украина конечно чека преговори за праведен и траен мир“.
Украинскиот претседател на социјалните мрежи изрази благодарност на Неговата Светост за аудиенцијата.
– За милиони луѓе ширум светот, Понтифот е симбол на надеж за мир. Авторитетот и гласот на Светата Столица можат да играат важна улога во доведувањето на оваа војна до крај. Му благодариме на Ватикан за неговата подготвеност да служи како платформа за директни преговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме за дијалог во секој формат со цел опипливи резултати. Ја цениме поддршката за Украина и јасниот глас во одбрана на праведен и траен мир, напиша Зеленски.
Претходникот на Лав XIV, папата Франциск, постојано се залагаше за мир во Украина.
Ново на Сител
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села