Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели
Папата Франциско беше отпуштен од римската болница „Џемели“ во неделата по повеќе од пет седмици хоспитализација поради двостано воспаление на белите дробови.
„Ви благодарам на сите“, рече тој со тивок глас за време на краткото појавување во инвалидска количка на балконот на болницата „Џемели“ пред да биде отпуштен од болница.
Папата Франциско, кој има 88 години, беше хоспитализиран на 14-ти февруари поради тешка респираторна инфекција.Тоа е неговата најсериозна здравствена криза за време на неговото дванаесетгодишно папство.
Лекарите на папата во саботата рекоа дека ќе му треба „многу повеќе време“ за целосно да закрепне и му наредија да помине дополнителни два месеци одмарајќи се во Ватикан.
Автомобилот во кој се наоѓаше папата Франциско ја напушти болницата во неделата рано попладнето, придружуван низ Рим од конвој полициски возила.
Папата Франциско во неделата повика на „итно“ запирање на израелските напади врз Појасот Газа, како и продолжување на дијалогот за да се постигне ослободување на „сите заложници“ и „дефинитивен прекин на огнот“.
„Тажен сум поради обновувањето на интензивното израелско бомбардирање на Појасот Газа, кое предизвика толку многу смртни случаи и повреди“, напиша папата Франциско во својата неделна молитва Ангел Господов.
Папата ги повика и Ерменија и Азербејџан да го потпишат неодамна преговараниот мировен договор „што е можно поскоро“ по децении конфликт.
Ново на Сител
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол