Свет
17. January 2016 - 15:53

Папата Францис одржа миса пред илјадници мигранти на плоштадот Свети Петар

Папата Францис денеска ги поздрави 5.000 мигранти верници кои присуствуваа на специјална миса на плоштадот Свети Петар по повод светскиот ден на бегалците, повикувајќи ги да ја чуваат својата култура и вредности.

- Вашето присуство овде на овој плоштад е знак на надеж во Бог. Не дозволувајте да ви ја земат надежта и радоста за живеење, изјави Папата на крајот од молитвата. 

Папата неколку пати ги повика европските држави да ги примат мигрантите кои бегаат од војна и беда во своите земји.

- Драги мигранти и бегалци, секој од вас носи своја приказна, култура и драгоцени вредности. За жал многу од вас искусиле и страв, беда и угнетување, изјави Папата пред насобраните верници.