Македонија
8. October 2021 - 8:39

Пановски: Не ги малтретирајте прележаните од Ковид-19

Микробиологот проф. Д-р Никола Пановски, апелира до здравствените власти „да не ги малтретираат прележаните од Ковид-19“.

„Последен апел до здравствените власти. Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат. До сега за 18 месеци од почетокот на пандемијата починле 5 лица претходно прележани, а за 6 месеци од вакциналната кампања кај нас починале скоро 200 комплетно вакцинирани. Министре Филипче и премиеру Заев, уште ли верувате дека вакцината штити подобро од природното прележување? Извинете се и сменете ги "врвните експерти" кои ве убедија во таа глупост. Користете ги вакцините разумно за здравје, за имунитет, не ги потценувајте вакцините, тие не заслужуваат да се вбризгаат со исклучива цел за добивање аусвајс“, напиша тој на Фејсбук.