Паника во Германија, хербицид пронајден во 14 германски пива

Институтот за животна средина од Минхен тврди дека во 14 најпродавани пива во Германија се пронајдени траги на хербицидот „Глифосфат“.
Пиварската индустрија и владините иннституции велат дека нема опасност за здравјето на потрошувачите а „Заедницата на пиварите“ тврди дека резултатите се базирани на мал број примероци и затоа не се кредибилни.
Федералниот институт за проценка на ризици вели дека нивото на хербицидот не е ризик за здравјето на граѓаните.
„Возрасен човек треба да испие околу 1.000 литри дневно за да има опасност по неговото здравје“, се вели во изјава на инститотот.
Хербицидот „Глифосфат“ за прва пат велегол во употреба во 1970 година од страна на корпорацијата „Монсанто“ кој го користи во своите производи.
Европската Унија во моментов ја разгледува можноста дали да се даде одобрение за користење на хербицидот кој што според Светската здравствена организација може да биде канцерогена.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
