Свет
27. јуни 2018 - 9:00

Паника на Мундијалот: Евакуиран хотел во Ростов по дојава за бомба

Полицијата евакуираше хотел во Ростов на Дон, но во него не престојувала ниту една фудбалска репрезентација која учествува на Светското првенство.

Како што пренесува Ројтерс, очевидци навеле дека полицијата им рекла дека хотелот е евакуиран поради закана со бомба.

Како што соопшти ФИФА, во текот на првенствоот не било предвидено ниту еден фудбалски тим да отседне во тој хотел.

Да потсетиме, во Ростов на Дон во вторникот играа Хрватска и Исланд, при што Хрватите славеа со  2:1.