Пандев за „Газета“: Сакам да ја завршам кариерата со пласман на ЕП со Македонија
Еден од најдобрите македонски фудбалери, Горан Пандев во интервју за „Газета дело Спорт” зборува за плановите за својата иднина. Репрезентативецот на Македонија, кој настапува за Џенова, вели дека посакува да игра уште една сезона, а голема желба му е да обезбеди пласман на Европско првенство со „жолто-црвениот“ дрес.
– Би сакал да играм уште една година. По можност тоа да биде во Џенова, но ако тоа не се случи, ќе барам нов клуб. Сакам и да ја завршам кариерата со пласман на Европското првенство со Македонија, вели 35-годишниот напаѓач.
Во однос на пензионирањето, тој вели дека се уште не го напуштила желбата за играње фудбал.
– Ентузијазмот е тука и сакам да се радувам на победите, без разлика дали натпреварите се официјални или пријателски. Знам дека на 35-годишна возраст не можам да играм често и логично а почесто да бидам на клупата, но тоа не ми пречи. Да ми пречеше, ќе се откажев од фудбалот, вели меѓу другото Пандев.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци