Пандев: Утре е мојот последен натпревар за Македонија, не можев да посакам подобро збогување
Утрешниот меч против Холандија, последен за Македонија на ова историско прво за нас Европско првенство во фудбал, ќе биде и последниот натпревар за капитенот Горан Пандев во дресот на македонската репрезентација, соопшти тој на денешната прес-конференција.
„Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на репрезентативниот фудбал и сметам дека сега е вистинскиот момент да се збогувам од националниот дрес. Сонот ми се оствари и подобро простување од натпреварот против Холандија на ‘Јохан Кројф Арена’ не можев да посакам“, истакна Гранде Пандев, појаснувајќи дека играњето на два фронта, односно и во клуб и во репрезентација, е преголем товар за неговите 38 години. Тој најави дека најверојатно наскоро ќе ја заврши и клупската кариера.
Капитенот истакна дека е среќен што е дел од оваа репрезентација и имаше само пофалби за оваа македонска фудбалска генерација. Тој им посака на момците уште многу успеси во иднина, додавајќи дека тие се големи играчи и дека, познавајќи ги нивните квалитети, очекува уште многу да нѐ радуваат во иднина, вклучително и со прв пласман на Светското првенство, затоа што го заслужуваат.
За утрешниот меч со Холандија, порача дека треба да играме отворено, како во второто полувреме против Украина. Холандија е моќна, но Пандев не исклучува можност за изненадување.
„Едвај го чекаме натпреварот против Холандија во обид да направиме оствариме позитивен резултат“, рече тој.
Утрешниот натпревар против Холандија ќе биде рекорден 122 настап на Пандев во селекцијата на Македонија. Судбината го награди со тоа што тој, со голот против Австрија, влезе во историјата како човекот што го постигна првиот гол за Македонија на едно големо фудбалско натпреварување.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево