Панчо од ДНК со изгореници и на кислородна поддршка
Пејачот на групата ДНК, Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше.
Засега нема информации за другиот пејач на ДНК, Андреј и останатите членови на бендот.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според првичните информации, како што кажа Тошковски, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.
Пожарот избувнал околу 3 часот, неофицијално поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.
Според снимките од концертот споделени на социјалните мрежи, додека пее групата проследено со пламени прскалки, почнува да гори конструкција на таванот која за неколку секунди се разгорува, кусо потоа се обидуваат да го изгасат со противпожарни апарати, при што се слуша глас на микрофон кој вика „Излезете сите“.
Ново на Сител
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите