-->
-->
Панчевски: Доделувањето предмети се правеше да се запази принципот за ист број предмети за судиите
-->
Владимир Панчевски доцна попладнево ја дава својата одбрана за предметот во кој му се суди за злоупотреби на АКМИС системот.
-Јас како претседател имав обврска секој судија да има ист број на предмети во работа. И во овој случај во кој сум обвинет, не се работи за одредување на судии како што тоа сака да се прикаже во јавноста, туку станува збор за распределба на предмети заради рамномерен број на предмети кои треба да ги работат судиите, изјави Панчевски.
Тој додаде дека во неговиот мандат не постоело ниту едно дејствие кое не било евидентирано во компјутерскиот систем.
Смета дека лицемерно е однесувањето на Обвинителството оти како што рече предметите за кои е обвинет се однесувале на трговија со луѓе, оружје, злоупотреби па лицемерно било тој да е обвинет дека сторил повреда на странките во тие предмети.
-Најлицемерно е дека се повредени права на обвинети во предмети на СЈО кои се уште не се завршени, дотолку повеќе што некои се во бегство, а обвинителството ме товари дека сум им ги повредил правата, посочи Панчевски.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите