Памела Андерсон на насловната страница на последниот „гол“ Плејбој
Американската актерка Памела Андерсон ќе ја краси насловната страница на Плејбој за јануари и февруари 2016 година, последниот број со голи жени откако фирмата ја промени стратегијата со цел подобро да се прилагоди на конкуренцијата на интернет.
Тоа ќе и биде 14-та насловна страна во познатото списание, а новиот број со нејзин лик ќе биде во продажба од 11 декември.
По тој повод, Памала даде интервју во кое раскажа дека од нервоза поради првото појавување на насловната страна на Плејбој во 1989 година повратила при снимањето.
Компанијата Playboy Entreprises најави во средината на октомври дека престабнува со објавување на фотографии со голи жени. Генералниот директор Скот Фландерс призна дека фотографиите со голи жени ја изгубиле војната со модерната технологија и дека списанието и понатаму ќе биде со „провокативни снимки, но не целосно голи дами“.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со локална облачност
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата