Пакистан нападна талибански бази во Авганистан

Пакистан соопшти дека извршил прекугранични напади врз милитантни бази во Авганистан како одговор на серијата неодамнешни самоубиствени напади за време на Рамазан, за кои тврди дека биле извршени од авганистанска територија.
Нападите на Пакистан претставуваат повторна ескалација на конфликтот со земјата управувана од Талибанците, само неколку дена откако Кабул ослободи тројца пакистански војници во обид со посредство на Саудиска Арабија да се намалат тензиите по повеќемесечни гранични судири.
Пакистанското Министерството за одбрана во своето соопштение вели дека има цврсти докази дека припадници на „Хвари“, што е име за пакистанските Талибанци кои дејствуваат по инструкции на авганистанската база, стојат зад самоубиствениот напад.
Во соопштението, исто така, се наведува дека цел биле седум терористички кампови кои, според разузнавачките информации, им припаѓаат на пакистанските Талибанци.
МИА
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
