Падна првиот снег - Пелистер прекриен во бело

Врвот на Баба планина, Пелистер утрово под снежна покривка. Оваа фотографија пристигна утрово.
Како и што најавуваа метеоролозите, од денеска ќе имаме значајно опаѓање на температурите, а на повисоките места можни се и врнежи од снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветeр од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 10, а максималната од 12 до 18 степени.
И во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд.
Во вторник во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали, а во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повторно затоплување се очекува од петок.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
