Пацоли: Лажат оние кои велат дека нема да ги укинат таксите

Претседателот на Алијансата за ново Косово (АКР) Беџет Пацоли узрази уверување дека новата влада во Приштина ќе ги укине таксите од 100 отсто на производите од Србија и БиХ.
– Лажат оние лидери кои велат дека нема да ги укинат таксите. Не е добро да се залажуваат гласачите, изјави синоќа Пацоли за државната косовска телевизија.
Тој истакна дека таксите на почетокот биле „оправдан чекор“, но некои витални проблеми за Приштина морале да се решат во текот на процесот.
Поранешниот косовски министер за надворешни работи оцени дека новата влада ќе отвори пат за дијалог, додавајќи дека треба да се постигне конечен договор со Србија.
– Косово денес го гледаат како земја која го блокира дијалогот, како земја која не слуша и не работи со своите пријатели. Велат дека порано сме имале поддршка, но сега се соочуваме со недостаток на таа поддршка. Се надеваме дека таа поддршка повторно ќе ја имаме, нагласи Пацоли.
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
